HomeАктуелноЗапочнуваат вистински есенски денови, еве во кој делови од државава ќе има пообилни врнежи

Започнуваат вистински есенски денови, еве во кој делови од државава ќе има пообилни врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.

До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во четврток ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.