Организаторите најавуваат две вечери исполнети со врвна музика, атрактивни коктел презентации, богата понуда на пијалаци и фестивалска атмосфера покрај Охридското Езеро.

Вечерва и утревечер ќе се одржува второто издание на Ohrid Cocktail Festival.
Најавените учесници ветуваат несекојдневна енергија, врвни техники, иновативност, уникатни, автентични вкусови се веќе познати.
Охрид ќе пулсира во ритамот на коктел културата. Очекувајте коктели што раскажуваат приказни, музика што ги спојува луѓето и атмосфера што ќе ве натера да посакате фестивалот никогаш да не заврши, најавуваат организаторите.
Во рамки на програмата денес и утре од 18:00 часот ќе има Bar Show, двочасовна презентација и дегустација на премиум жестоки пијалаци. Музичката програма започнува од 20:00 часот, со настап на познати локални диџеи и бендови.
Ohrid Cocкtail Festival ќе се одржи на кеј „Македонија“, пред хотелот „Палас“.
