HomeАктуелноЗасилени сообраќајни контроли, 339 санкции за брзо возење

Засилени сообраќајни контроли, 339 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (10.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движење дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.