HomeАктуелноЗа учесниците на Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “ богата програма во слободното време

За учесниците на Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “ богата програма во слободното време

Охрид, 28 јуни – Организаторот – Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, со пресретливост, грижа и внимание ги прифати учесниците на 39то издание на Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За нив подготви внимателно одбрана програма, со цел да им ги покаже амбиенталните природни вредности на општина Дебрца, но и на Охрид.

Исто така, тие се запознаваат и со историското минато на Дебрца, од поново време, кога, практично била лулката на зародишот на македонската држава и државност.

Меѓу другото, во селото Издеглавје, е зародишот на МПЦ ОА, со првиот  свештенички собир, додека во Црвена Вода, на 3.октомври 1943 година, е издаден Манифестотот до македонскиот народ, практично, првиот документ на македонски јазик и ќирилично писмо, печатен во партизанската печатница.

Овој ден е и патронен празник на општина Дебрца, а со овие факти тие беа запознаени при приемот нај градоначакникот на општината, Зоран Ногачески, со кого разменија искуства за атрактивноста на крајот. Тие ќе можат да ги разгледаат и Спомен собата на Револуцијата и НОВ во Втората светска војна, во Белчишта, како и сличните во Сливото, Црвена Вода и Годивје.

Како што напоменува претседателката на Здружението, магистер инжињер – архитект Мартина Целеска, учесниците биле воодушевени од она што го виделе при посетата на манастирскиот и излетнички комплекс “Свети Наум”, од недопрената природа, како и од разгледувањето на Античкиот театар, катедралната црква “Света Софија”, комплексот Имерет-првиот универзитет мегу словенскиот свет, како и праисториската населба “Заливот на коските”.

Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваат 11 ликовни уметници од земјата и странство.

Од Македонија, маестро Јордан Манасиески – Охрид, Лара Ташковска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, како и  Славица Танеска и Емел Махмуд, од Охрид,

Странски автори: Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул), Јованка Беквалац – Србија, Нада Грбиќ – Србија, Мирослав Мича Круниќ – Србија, Славка Ната Радуловиќ – Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ – Црна Гора.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.