HomeАктуелноЗголемен процентот на туристи во земјава

Зголемен процентот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2024 година изнесува 47 761, од кои 40.4 % се домашни туристи, а 59.6 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во јануари 2024 година изнесува 102 079, од кои 48.4 % се од домашните туристи, a 51.6 % од странските туристи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 %, a бројот на ноќевањата е зголемен за 15.2 %.
Бројот на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 3.0 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен з 11.5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.8 %.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.