Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово погоди област во Тихиот Океан кај Камчатка, соопшти локалната сеизмолошка служба во Камчатка.
„Епицентарот на земјотресот бил во заливот Крочнот, на длабочина од 123 километри“, се вели во соопштението на рускиот сеизмолошки центар, пренесе Интерфакс.
Земјотреси со магнитуда до две се почувствувани во одредени области на градските области Петропавловск-Камчатски и Виључина.
