HomeАктуелноИзвршил „тешка кражба“ во автомобил и крадел од апарати за кафе, уапсен крадец од Струмица

Извршил „тешка кражба“ во автомобил и крадел од апарати за кафе, уапсен крадец од Струмица

На 08.06.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта на 30/31.05.2023 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во автомобил и апарати за кафе на подрачјето на Струмица, при што одзел пари и други предмети.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од предметите и алат кој го употребувал при вршење на делата.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.