HomeАктуелноИзгорен стан во пожар кај зграда, тројца се задушиле од чадот

Изгорен стан во пожар кај зграда, тројца се задушиле од чадот

Полицијата во Ниш ги утврдува причините за пожарот што избувна синоќа околу 23 часот во зграда на улицата Врањанска во тој град. Причинета е голема материјална штета, додека еден стан бил целосно изгорен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Три лица побарале лекарска помош поради вдишување чад, но немале сериозни компликации. На пожарникарите им требаше речиси еден час за да го изгаснат пожарот и да спречат ширење на другите станови. Во тек е истрага која ќе покаже од што дошло до пожарот, велат од Полициската управа во Ниш.

Жителите на зградата на улицата Врањанска сметаат дека причина за пожарот е шпоретот што го оставиле нивните соседи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.