ЦУК: ВЧЕРА СЕ ИЗГАСНАТИ СИТЕ 16 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО – АКТИВНИ НЕМА
Вчера, вторник, 05.09.2023 година, имаше вкупно 16 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.
– Општина Виница, с.Калиманци (каде што горела ниска вегетација и плевна);
-Општина Липково, с.Ваксинце (ниска вегетација и шума);
– Општина Куманово – Старо Нагоричане – Кратово, меѓу селата Руѓинце и Бељаковце (ниска шума и сува трева, а и неколку стари и напуштени објекти – две куќи, еден амбар);
– Општина Арачиново, с.Арачиново (ниска вегетација и ѓубре);
– Општина Студеничани, с. Батиници (ниска вегетација и ѓубре);
– Општина Студеничани, Дрисла (депонија);
– Општина Кочани, месноста „Речани – Мегдан“ (сува трева и нискосстеблеста шума);
– Општина Карбинци, с.Крупиште (сува трева);
– Општина Желино, с.Групчин (сува трева);
– Општина Желино, месноста „Еребино“ (сува трева);
– Општина Гостивар, с.Тумчевиште (депонија);
– Општина Прилеп, фабриката „Комфи Ангел“ (сува трева);
– Општина Дебарца, с.Издеглавје (сува трева);
– Општина Охрид, населба „Чекоштина“ (сува трева);
– Општина Струга, с.Велешта (сува трева)
– Општина Велес, месност „Раштански Лозја“ (сува трева) и
– пожарот во Општина Виница кај с.Калиманци во 18:30 беше изгасен, но повторно 19:30 часот, се активирал и ТППЕ Виница на терен, во 23.00 го изгаснала.
