HomeАктуелноИзраелскиот министер за одбрана најави офанзива: „Наскоро ќе влеземе во Газа“

Израелскиот министер за одбрана најави офанзива: „Наскоро ќе влеземе во Газа“

Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант најави дека силите на земјата наскоро ќе започнат офанзива против Појасот Газа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што рече Јоав Галант при посетата на војниците на самата граница со Појасот Газа, наскоро сè треба да биде подготвено за офанзива кон територијата што ја контролира Хамас.

„Сега ја гледате Газа од далеку, наскоро ќе ја видите одвнатре. Наредбата ќе дојде“, им рече Галант на војниците на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Да потсетиме, од 7 октомври е во тек нов конфликт меѓу Израел и палестинската група Хамас. Имаше голем број загинати, а особено критична е ситуацијата во Појасот Газа, кој веќе неколку дена е без струја, вода, храна и бензин.

Израел веќе најави окупација на Појасот Газа, односно започнување офанзива на оваа територија. Сепак, како што пренесуваат израелските медиуми, првиот обид пропаднал поради лошите временски услови.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.