HomeАктуелноИлјадници Албанци на протести: „Албанија не е на продажба“

Илјадници Албанци на протести: „Албанија не е на продажба“

„Албанија не е на продажба“ ТИРАНА – Илјадници граѓани излегоа на улиците на Тирана и други градови во Албанија протестирајќи против изградбата на луксузен туристички комплекс во близина на заштитеното подрачје Вјоса-Нарта и островот Сазан.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Проектот е поврзан со компанија зад која стои американскиот инвеститор Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите изразуваат загриженост дека изградбата може сериозно да ја наруши животната средина во регионот, кој е познат по богатата флора и фауна, вклучувајќи ги и фламингата, кои станаа симбол на протестите. Покрај еколошките причини, учесниците бараат поголема транспарентност околу проектот и обвинуваат дека државните институции не обезбедиле доволно информации за неговата реализација.

Под слоганот „Албанија не е на продажба“, протестите во последните денови прераснаа и во поширок израз на незадоволство од владата на премиерот Еди Рама. Дел од демонстрантите бараат негова оставка, обвинувајќи ја власта за корупција и недоволна заштита на јавниот интерес. Од друга страна, премиерот Рама го брани проектот, оценувајќи дека тој ќе донесе значајни инвестиции, нови работни места и дополнителен развој на туризмот во земјата. Владата уверува дека ќе бидат спроведени сите потребни еколошки проверки пред почетокот на градежните активности. Во меѓувреме, Европската Унија побара од албанските власти внимателно да ги почитуваат еколошките стандарди и предупреди дека проектите во заштитените подрачја не смеат да ја загрозат европската интеграција на земјата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.