HomeАктуелноКасами пред тешка одлука: Дали Тетово оди на нови избори поради имињата на улиците?

Касами пред тешка одлука: Дали Тетово оди на нови избори поради имињата на улиците?

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во одговор на новинарско прашање денеска оцени дека градоначалникот Биљал Касами ќе најде најдобро решение откако во албанскиот политички блок одреден период се води јавна полемика на тема преименувањето на улиците во градот, а во прашање е доведено и функционирање на Советот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Истакнувањето политички ставови на оваа тема се интензивира откога минатиот месец Уставниот суд одлучи дека Советот на Општина Тетово во 2007 година со неуставна одлука извршил преименување на улиците.

Јас сум убеден дека градоначалникот Касами ќе го најде најдоброто решение. Тој е исклучително паметен и прагматичен човек и во соработка со сите чинители во Општина Тетово ќе го најде најдоброто решение, убеден сум во тоа, а ние имаме одлична соработка и таа ќе продолжи и во следниот период. Знам дека на многумина им пречи тоа и не се среќни, особено од опозицијата, но оваа Влада покажа дека може да испорачува – рече Николоски.

Оваа недела ДУИ поднесе барање Советот на Општина Тетово на 13 јули да расправа по предлог-одлука за именување и преименување на улиците, плоштадите и јавните површини на територијата на општина Тетово. Според законските одредби, доколку предлог-одлуката на ДУИ биде прифатена и изгласана, Советот на Општина Тетово треба да се распушти и да има нов избор.

Се работи за предлог-одлука (н.з. на ДУИ) која е финална. Процесот за именување улици треба да биде демократски и во согласност со Уставот и законот. Предлог-одлуката, која е предложена од ДУИ, е во финална фаза. Откога ќе се поминат сите дебати, предлози од граѓаните според законот и да се помине и во Владата да се даде согласност и после се доаѓа до одлуката, која сега е предложена од ДУИ. Ако се оди со таа одлука, и Советот и советниците одлучија да ја прифатат автоматски, според некои наши согледување од експертите од правната фела, кажуваат дека Советот автоматски оди на реизбор – рече Касами.

Во Советот на Општина Тетово ДУИ е во опозиција, а мнозинството 16 од 31 советник го имаат „Вреди“ и ВМРО ДПМНЕ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.