HomeАктуелноКовачки: Шолц не дава гаранции дека нови барања нема да има туку изразува свое мислење дека не треба да има

Ковачки: Шолц не дава гаранции дека нови барања нема да има туку изразува свое мислење дека не треба да има

Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот на изјавата, цениме дека е направена грешка во преводот, намерна или не намерна од службите, вели пратеникот Драган Ковачки и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прашање за изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц која беше пренесена дека вели „гарантирам дека нема да има нови условувања за пристапните преговори на државата“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изјавата на канцеларот Шолц е дека не треба да има нови условувања, што секако е и наш партиски став, меѓутоа тоа не се гаранции дека нема да има нови условувања, рече Ковачки.

Но, исто така, додаде Ковачки, искуството покажува дека дури и да има таква изјава, потсетуваме дека беа безбројни изјавите, тапшањата по рамо и по договорот од Нивици, после што Македонија не доби ништо и се уште е во чекалницата на Европската унија.

Ќе ве потсетам на изјавите и тапшањата по рамо уште пред договорот во Нивици, после кој што Македонија практично не доби ништо и се уште сме во чекалницата на Европската унија, заклучи Ковачки.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.