HomeАктуелноКолку ќе изнесува минималната плата во Македонија? Синдикатите бараат минимална плата од 500 евра

Колку ќе изнесува минималната плата во Македонија? Синдикатите бараат минимална плата од 500 евра

Според моменталните статистики минималната плата најверојатно ќе порасне за 2.000 денари, почнувајќи со мартовските примања на работниците низ земјава, односно ќе “скокне” на 24.500 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Синдикатите неодамна, поради драстично зголемените трошоци на граѓаните, побараа покачување на минималната на 500 евра.

Како идеја која што некои од бизнисмените ја предложија до владата, беше и минималецот да биде 500 евра, но разликата за придонесите меѓу 22.500 денари и 30.750 денари да ја покрива државата. Оваа идеја начелно беше отфрлена.

Согласно законот кој беше донесен пред повеќе години, минималната плата согласно инфлацијата и други параметри системски се формира секој март.

Последното покачување беше на 22.500 денари во март 2024-та година.

Одлуката за тоа колку ќе биде покачена минималната плата треба да биде донесена во најскоро време.

Одлуката за тоа колку ќе биде покачена минималната плата треба да биде донесена во најскоро време.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.