HomeАктуелноКонечно падна одлука – се враќа евтината дневна тарифа за струјата

Конечно падна одлука – се враќа евтината дневна тарифа за струјата

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика  (РКЕ) Марко Бислимовски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата.

Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Цената на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената после 24 часот, рече Бислимовски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.