HomeАктуелноКривична пријава за примање поткуп

Кривична пријава за примање поткуп

Единицата за Корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против М.К.(42) с.Дражево, општина Ново Село, со живеалиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на раководител на сектор во АД „Водостопанство“ на Република Северна Македонија – Скопје, кон крајот на 2022 година и на 19.05.2023 остварил средби со друго лице со цел да му овозможи да добие концесија за експлоатација на песок во Кратово и да склучи договор со АД „Водостопанство“, при што примил поткуп во вкупна вредност од 6.000 евра, по 3.000 евра на секоја средба. Тој бил лишен од слобода вчера во Скопје веднаш откако ги земал парите од лицето и во координација со јавен обвинител му е поднесена пријавата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.