Пејачката Сара Мејс покажа како ужива покрај базенот во дворот од својата куќа во шик костим за капење.
Познатата македонска пејачка Сара Мејс реши да го искористи убавото време и да се релаксира покрај базенот во својот дом.
Таа позираше во своите нови два модели на костими за капење и никого не остави рамнодушен со својот изглед.
Пејачката сподели на Инстаграм неколку снимки на кои покажа како ужива во дворот од својата куќа во Пинтија.
Таа позираше покрај големиот базен, а во центарот на вниманието беше нејзиното тело кое Сара и по две бремености го одржува во топ форма.

Впрочем тоа можеше да се забележи и во нејзиниот нов спот „Фреквенција“ кој исто така изобилува со провокативни сцени.
Повеќе од очигледно е дека Сара води сметка за својот изглед, a како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, по бременоста со Илина покрај активниот живот, успеала да ослабне и благодарение на редовните козметички третмани, масажи и секако, внимавање во исхраната.

Како Сара изгледаше и во својот најнов спот и зошто оваа мама знае како да го збудали мажите, погледнете во продолжение.
