HomeАктуелноЛишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело.

Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.