HomeАктуелноМаж раскажа како реагирала Брзата помош денес во Скопје на ИТЕН случај – ќе се изненадите

Маж раскажа како реагирала Брзата помош денес во Скопје на ИТЕН случај – ќе се изненадите

Пофални зборови доаѓаат за екипата на Брзата помош и дежурниот кардиолог при ,,8-ми септември”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

,,Со овој пост изразувам голема благодарност на екипата на Брза помош и дежурниот кардиолог во,, 8-ми септември,, ( од настанатата ситуација не успеав да им ги разберам имињата).

Имено, екипата на Брза помош по дојавата дека мојата мајка има симптоми на срцев удар пристигнаа за 5 минути и со мобилен екг ја констатираа состојбата, по што веднаш ја пренесоа до,, 8-ми септември,, каде докторот кој беше во ургентно одделение откако констатира дека се работи за срцев удар веднаш со перфектна организација го обезбеди дежурниот кардиолог кој го изврши зафатот и го спаси животот на мојата мајка.

Од моментот на повикот до Брза помош до моментот на кардиолошкиот зафат поминаа помалку од еден час. ВИ БЛАГОДАРАМ И ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА. “ – напиша Кимо Чавдар на ,,Фејсбук”

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.