HomeАктуелноМакедонија и македонскиот народ се гордее со македонската песна и музика, група „Чардак“ со нов сплет на охридски авторски песни

Македонија и македонскиот народ се гордее со македонската песна и музика, група „Чардак“ со нов сплет на охридски авторски песни

Македонската музика е еден од најважните докази за животот на Македонија и македонскиот народ. Низ историјата, како што македонскиот народ влијаел врз и се менувал од соседните балкански народи, музиката е можеби најважен доказ за културата и традицијата низ вековите.  Народната, духовната и класичната музика се неприкосновени столбови за етничкиот карактер на Македонците.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Група „Чардак“ од Охрид е долгогодишен негувател на охридската и македонската музика и песна, овој пат со нови музички видео записи промовира нов сплет на охридски авторски песни и охридски староградски сплет.

Охрид, нашиот убавец од град, отпеан во песни од минатото и денешницава! Овој пат го издвоивме „Ој ти момче охриѓанче“, Песна за Климе Садило „Ех да свири Садило“, „Ајде да одиме во Охрида града“..стои во објавата на Група „Чардак“.

Група „Чардак“ е составена од шест члена и тоа: Симе Нелоски, Златко Јолакоски, Џеват Рамаданоски, Борче Здравевски, Глигор Фармакоски и Александар Зимонович.

Во продолжение ви оставаме да уживате во преубавата песна и музика исполнета од групата „Чардак“.

Во вториот видео запис отпеани се: „1762 лето“, „Фросино моме убаво“, „Ој Зарино прва севдо“, „Што се чуло нане“, „Антице мори душице“, „Бог да бие Русе“, „Моме идеално“, „Велгошко оро“, „Златково оро“.

 

Е.Р/powerinfo.mk

фото: приватна архива Група „Чардак“

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.