HomeАктуелноМакедонија ќе ѝ донира хеликоптери на Украина

Македонија ќе ѝ донира хеликоптери на Украина

Владата на вчерашната седница донела одлука да донираме хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Владината прес-служба вчеравечер соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина.

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.