HomeАктуелноМакедонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Македонските патишта како писти, еве колку санкции „паднаа“ во текот на вчерашниот ден за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 700 возачи. Од нив, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта , информираат од  МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.