HomeАктуелноМакедонски филм „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“ повторно пред охридската публика

Македонски филм „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“ повторно пред охридската публика

Поради големиот интерес на новиот македонски филм „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“ во режија на Марјан Гавриловски, повторно на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид во сабота, 21 октомври, со почеток во 20.00 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

Во фимот играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.

Времетраење на филмот е 124 минути.

Цена на картата е 150 денари, а истите ќе бидат во продажба на билетарата на Ценатрот од понеделник, 16 октомври.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.