HomeАктуелноМалолетник од Кавадарци нападнал жена и и го украл новчаникот

Малолетник од Кавадарци нападнал жена и и го украл новчаникот

На 07.06.2023 во 11 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој се сомничи дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник. Тој , исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е.

Малолетникот бил предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.