HomeАктуелноМВР: Акциска контрола во угостителски објекти- се служело алкохол на малолетници

МВР: Акциска контрола во угостителски објекти- се служело алкохол на малолетници

Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, се служело алкохол на малолетници, обезбедувачи без лиценци…

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на изминатата вечер (24/25.03.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.

При контролата затекнати се шест малолетници кои консумирале алкохол. Лицата се приведени,а против одговорното лице се преземаат мерки во содејство со Државниот пазарен инспекторат.

Констатирани се и два прекршока по Законот за приватно обезбедување, за немање лиценца за лице ангажирано како обезбедување, а од страна на ДПИ и ДТИ констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.