HomeАктуелноМВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност, превентивна активност на СВР Охрид

МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност, превентивна активност на СВР Охрид

СВР Охрид, денеска на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски” во Охрид ја спроведе заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Целта на овој превентивен проект е доближување на полицијата до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во рамките на проектот, полициски службеници од отсекот за превенција и од полициската станица Охрид, на граѓаните и посетителите во Охрид, им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентирана улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот,  владеењето на законите, работи на сузбивање на криминалот и води борба со сите криминогени појави во општеството.

Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност”, ќе се реализира и во следните четири викенди, на подрачјето што го покрива СВР Охрид.

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.