HomeАктуелноМВР: Расчистен случајот со заканите кон градоначалникот на Гази Баба

МВР: Расчистен случајот со заканите кон градоначалникот на Гази Баба

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода С.М., Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11 септември годинава во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Министерството за внатрешни работи, информираат дека веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело  „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.