HomeАктуелноМВР со ЗАСИЛЕНА АКЦИСКА КОНТРОЛА, еве колку санкционира полицијата за една вечер

МВР со ЗАСИЛЕНА АКЦИСКА КОНТРОЛА, еве колку санкционира полицијата за една вечер

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 430 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 232 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 198
надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додааат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.