HomeАктуелноМицкоски му честиташе победа на Трамп

Мицкоски му честиташе победа на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Честитката од премиерот на Македонија стигна веднаш по обраќањето на Трамп пред поддржувачите во Палм Бич, Флорида, каде прогласи победа на изборите.

Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи, вели Мицкоски во честитката.

Тој додава дека „Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“.

Честитки до Трамп од регионот испратија и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Меѓу првите се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан нарекувајќи го ова „најголемиот камбек во политичката историја на САД“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.