HomeАктуелноМицкоски на средбата со Ескобар го потврдил ставот на коалицијата во врска со уставните измени

Мицкоски на средбата со Ескобар го потврдил ставот на коалицијата во врска со уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар го потврдил ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На средбата во Амбасадата на САД во Скопје, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потенцирал дека актуелната власт за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД.

-Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата на Мицкоски и Ескобар, на која присуствувале потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и амбасадорката  Ангела Агелер, исто така од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.