HomeАктуелноМицкоски: Не сакам да шпекулирам каде е Груби, но факт е дека не бил чиста како солза

Мицкоски: Не сакам да шпекулирам каде е Груби, но факт е дека не бил чиста како солза

Иако првично се зборуваше дека избеганиот поранешен вицепремиер Артан Груби е на Косово, а потоа во Албанија, до сега нема информации каде се наоѓа од МВР и истражните институции. Ниту премиерот Мицкоски не знае каде е Груби. Тој рече дека не сака да шпекулира, но го повика да се врати пред лицето на правдата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во меѓувреме, СДСМ продолжува да го обвинува министерот за внатрешни работи Тошковски дека не можел да го најде Груби и дека дозволил да избега. Од опозициската партија велат дека Тошкоски и ВМРО-ДПМНЕ сами ги креирале сценаријата, а на Груби му овозможиле да ја напушти државата.

Денес е нејасно како Тошковски може да биде толку неинформиран и МВР толку слаба институција под негово водство, кога Изет Меџити коалицискиот партнер на Мицкоски знае дека Груби е во Албанија, а Тошковски не? Го праша ли Тошковски Меџити од каде му се информациите? Тошковски веќе одамна е зрел за оставка, премногу скандали се случија без никаква политичка одговорност, велат од СДСМ.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.