Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Известување:
– Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности, санација на мост на река „Драгор“ на улицата „Довеџик“, Општина Битола, со што ќе има затворање на сообраќајот кај мостот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин-девијација.
– Патниот правец Р2337 Кичево-крак со село Цер, од 12-ти мај 2025 година ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10:00 до 16.00 часот поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање).
– На 13-ти мај 2025 започнаа градежни активности, санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај.
– Според известување од „Виадукт Треј“ Дооел од Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка „Лагово“ до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 3-ти април 2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.
Времена измена на сообраќајот:
На автопатот А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до 31-ви мај 2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Известување:
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Сезонски режим на сообраќај:
Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 17-ти април 2025 година е пуштен за сообраќај за за возила до 3.5 тона.
Работи на пат во регионот:
На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
