HomeАктуелноМОН: 100 психолози вклучени во зајакнатата психосоцијална поддршка на учениците, телефонски броеви за прва психолошка помош и поддршка на ученици, родители и наставници

МОН: 100 психолози вклучени во зајакнатата психосоцијална поддршка на учениците, телефонски броеви за прва психолошка помош и поддршка на ученици, родители и наставници

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините  каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Веднаш по трагичниот настан беа подготвени и испратени насоки до училиштата, наставниците и родителите за постапување во следниот период, односно за давање прва психолошка помош и психосоцијална поддршка. Насоките се достапни на сите пет јазици на кои се изведува наставата. Формирана е мрежа на 100 училишни психолози од Скопје, но и од други градови, кои ги насочуваме кон Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места, како поддршка на колегите во тамошните училишта, да работат со учениците, со нивните родители, наставниците и воопшто со граѓаните, а постапувајќи по посебен протокол подготвен за кризна интервенција, рече Јаневска.

Досега 32 психолози ја минаа специјализираната обука, во која се вклучени Комората на психолози, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, и веќе обезбедуваат директна поддршка на терен. Преостанатите ќе се вклучат откако ќе ја поминат денешната обука.

На интернет страната на Министерството за образование и наука има листа со телефонски контакти на 40 психолози, членови на Комората на психолози на Македонија, кои се постојано достапни за разговор, односно за психолошко советување. На листата се наоѓаат и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на Црвениот крст кои се во функција 24/7 .

Помош може да се побара и во центрите на Црвениот крст во секое време, како и во Центарот за ментално здравје во Кочани каде има претставници на Универзитетска клиника за психијатрија.

Јаневска ги охрабри стручните лица кои сакаат да помогнат во ситуацијата да излезат во пресрет на потребите на учениците, на родителите и наставниците. Доколку им се потребни попрецизни насоки каде се најпотребни и како да делуваат, можат да се обратат до Министерството и до Комората на психолози.

За поддршка на студентите, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е отворен центар за младинско советување .

Министерството за образование и наука, во рамки на надлежностите, и во следниот период ќе презема и координира активности кои можат да им бидат од помош на младите во справување со предизвиците.

Телефонски броеви за прва психолошка помош и поддршка на ученици, родители и наставници:

Психолози достапни за разговор:

  1. Огнен Велевски 077 541 537

  1. Наташа Бекирова 076 925 905

  1. Љупчо Кеверски 070 264 787

  1. Марина Кузмановска 070 759 168

  1. Јана Зенковска 071 221 808

  1. Радмила 075 474 626

  1. Кети 078 217 277

  1. Берна Беби Хамзаи 070 443 011

  1. Биљана 078 218 706

  1. Сузана 078 476 466

  1. Катерина Дојчинова 078 320 211

  1. Елизабета 071 379 902

  1. Ирена 071 387 825

  1. Марија Грубор 070 936 353

  1. Емилија Тодоровска 071 333 035

  1. Александра Милевски 072 216 175

  1. Розалија Секуловска 078 273 763

  1. Тиана 075 431 572

  1. Марија Чуруковска 075 321 590

  1. Мирјана Ј.С. 070 233 453

  1. Ивана Николовска Илиевска 078 448 004

  1. Павел Балојани 075 839 700

  1. Кети Маркоска 071 349 508

  1. Фики Гаспар 078 365 977

  1. Емилија Бошковска 071 211 195

  1. Маргарита Николовска 078 210 458

  1. Рената Димановска 075 272 210

  1. Марија Филиповска 075 232 636

  1. Марија Ангелеска 075 202 364

  1. Јована Затаракоска 071 732 961

  1. Рената Димановска 075 627 210

  1. Теодора Трифуновска 078 456 014

  1. Даниел Смиљков 078 326 830

  1. Лела Ставрева 070 252 725

  1. Калина Тодоровска 075 454 945

  1. Марија Карилоска 076 295 613

  1. Катерина Арсовска 070487919

  1. Елена Мирчевска 075 932 179

Меѓаши -прва детска амбасада 070 390 632

Наменски телефонски линии на Црвен Крст за прва психолошка помош (во функција 24/7):

071 338 081 во Кочани

074 203 030 во Штип

072 271 048 во Скопје

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.