HomeАктуелноМоторциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Охрид – Ресен

Моторциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Охрид – Ресен

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Охрид  – Ресен, на вртењето за Куратица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од засега непознати причини дошло до судар на патничко возило Фолксваген Туран со Охридски регистарски таблички  и мотор со битолски регистрации на кој се превезувале две лица..

Во незгодата со тешки тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот кој бил хоспитализиран во специјалната болница “Св. Еразмо” во Охрид. Неговата сопатничка се здобила со лесни повреди и била пуштена на домашно лекување, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините за немилиот настан.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.