HomeАктуелноМухамед Зекири останува во притвор

Мухамед Зекири останува во притвор

Апелациониот суд го потврди решението со кое е продолжена мерката притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири. Од Судот за МИА потврдија дека апелационите судии ја одбиле жалбата на Зеќири со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По оваа одлука на Апелациониот суд поранешниот владин генерален секретар останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Одлуката за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена за Зекири ја донесе Кривичниот суд на 5 мај, со која му беше продолжен 30-дневниот притвор изречен на 9 април. И за првата одлука Зекири поднесе жалба, што исто така беше одбиена.

Мухамед Зекири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција го товари Зекири дека без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале двајца хрватски државјани, кои се под истрага заедно со него.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.