HomeАктуелноМ.Т.Т.Ф со предновогодишна забава направи ретроспектива на успесите во 2023 година, најдобрата кадетка во Европа Христијана Парулеска е наградена и со највисоко признание за животно дело

М.Т.Т.Ф со предновогодишна забава направи ретроспектива на успесите во 2023 година, најдобрата кадетка во Европа Христијана Парулеска е наградена и со највисоко признание за животно дело

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

2023 година е најуспешна година за македонската традиционална теквондо федерација, после 31 година добивме решение дејност спорт, наша федерација, потоа го организиравме официјално првото државно првенство. Учествувавме на Европско првенство во Јесоло, Италија. Христијана Парулеска се натпреваруваше во две дисциплини освои прво место во борби и второ место во форми. Со два освоени медали и со најдобар резултат доби пехар за најдобра кадетка во Европа што е прв, историски пехар во историјата на македонскиот спорт во индивидуални спортови,  вели претседателот на М.Т.Т.Ф Маријанчо Лазаревски.

 

Годинава учествувавме на 10 меѓународни натпревари, рекорден број на медали 266 медали, 12 пехари за најдобри поединци. Учествувавме на Светското првенство во Астана, Казахстан, каде Христијана Парулеска го освои бронзениот медал во борби, исто Елена Јанеска и Давид Крстески стигнаа до петто место, бидејќи беа оштетени од страна на судиите. За жал Христијана Парулеска во полуфиналето во форми мораше да ја предаде борбата поради повреда од која сѐ уште се опоравува, инаку несомнено, таков беше впечатокот дека ќе го освои првото место, додава Лазаревски во изјава за новинарите.

Првиот човек на Македонската традиционална теквондо федерација, Марјанчо Лазаревски ја искористин приликата посебно да изрази најголема благодарност до Генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни успеси и квалитетот на нашите натпреварувачи, огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт, општина Охрид и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков,  кои ни дадоа безрезервна подршка, благодарност до сите медиуми, портали, подржувачи кои се  верно не подржуваат , се радуваат на нашите успеси и ни даваат мотив за уште поголеми успеси.

Тој истакна дека се една од ретките македонски репрезентации каде сите репрезентативци што учествувале на натпревари стигнувале до четвртфинале, односно до позиција за медал.

Најдобрата кадетка во Европа,  Христијана Парулеска годинава беше наградена и со Повелбата Св.Климент Охридски – Патрон на Охрид и е прва што на 14 години добива вакво признание за животно дело.

На синоќешната предновогодишна забава, МТТФ им оддаде признание и на поддржувачите, а благодарница за медиумската поддршка доби и powerinfo.mk

 

Плановите за следната година се учество на Европско првенство и Светски Куп, со надеж дека од овие престижни натпревари ќе се вратат со медали. Секако кон крајот на јуни ќе се организира Mеѓународниот Таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2024“, за кој веќе има најави дека ќе учествуваат голем број натпреварувачи, особено од соседна Грција.

 

Подготвил: Елена Ристеска

фото: powerinfo.mk

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.