На 10.08.2023 година во 00.50 часот на кеј „Македонија” во Охрид приведени се Н.С.(43) од Охрид, Ж.М.(43) од селото Ботун, општина Дебрца и С.Т.(41) од Пустец, Република Албанија.
Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
