HomeАктуелноНаскоро во функција и во Охрид: Камерите на „Безбеден град“ привршуваат со тестирање

Наскоро во функција и во Охрид: Камерите на „Безбеден град“ привршуваат со тестирање

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на  Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања, информираат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Системот Безбеден град ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и подигнување на нивото на безбедност на патиштата. Воедно, се очекува неговата примена да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Апелираме до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.