HomeАктуелноНасмевки, сплотеност, тимска игра и хуманост – Хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

Насмевки, сплотеност, тимска игра и хуманост – Хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

Четврта година  успешна приказна за организаторите и учесниците, заврши хуманитарниот турнир treet Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025.

Сите собрани средства ќе бидат донирани во Центарот за аутизам во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во кругот на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа Четвртиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025, покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид.

Oва е четврт хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025 година, кој  прерасна во една убава традиција, турнирот е одлична можност за децата  Охрид и регионот, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, особена благодарност упатуваме до нашите соработници, велат организаторите.

Меѓудругото, за најуспешните три екипи обезбедени беа вредни награди од страна на главниот покровител на настанот,  додека секој учесник доби капа и маичка како благодарност за земеното учество.

На турнирот настапуваа деца од три категории и тоа:

  1. Прва категорија (деца родени 2016 и помали)
  2. Втора категорија (деца родени 2014-2015)
  3. Трета категорија (деца родени 2012-2013)

Во категоријата до 2016 година и помали третото место им припадна на екипата „Чикаго Булс“ за кој настапија Димитриј Шопоски, Јан Дуклески и Марко Илиевски. Второто место припадна на екипата „Про баскет јуниор“, за кого настапуваа Константин Пулески, Петар Гергески, Виктор Милески, додека првото место припадна на екипата „Најака тројка“, за кој настапуваа Петар Танасоски, Милан Милошевиќ и Иван Попески.

Категорија 2014-2015 година, третото место припадна на „Охрид баскет“ каде настапуваа Нестор Сотироски, Тео Милковски и Матеј Видановиќ.

Второто место за таа категорија го освои „Колибри“ за кого настапија Алексеј Димитриески, Мевлана Саилоска и Харун Даут, додека првото место го освои екипата „Тројца мускетари“ со Милош Милошевиќ, Јаков Паскали и Христина Попеска.

Категорија 2012-2013 година женски:

Второ место екипата „Ѕвезда“ со Вероника Здравеска, Лана Бајевска и Анастасија Тасеска. Додека првото место во таа категорија припадна на „Газели“ со Мила Симчевска, Јана Блажевска и Дидем Лато.

И последната категорија, 2012-2013 машка категорија, третото место припадна на „Воска“ со Хамза Мехмет, Фуркан Али и Елтон Азизи. Второ место припаѓа на „Охрид Мистикс“ со Лиз Азизи, Михаил Видановиќ и Михаил Трпески.

Додека првото место припадна на „Голден Бојс“ и Димитар Андоноски, Христијан Климоски и Стефан Танасоски.

Особена благодарност упатуваме за  соработката со К.К „Колибри“ – Охрид,  Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид, додаваат организаторите.

Сите собрани средства ќе бидат донирани во Центарот за аутизам во Охрид.

 

Е.Р

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.