HomeАктуелноНАЈВИСОКА РЕГИСТРИРАНА БРЗИНА ОД „СЕЈФ СИТИ“ – 231 КМ/Ч НА ОБИКОЛНИЦАТА

НАЈВИСОКА РЕГИСТРИРАНА БРЗИНА ОД „СЕЈФ СИТИ“ – 231 КМ/Ч НА ОБИКОЛНИЦАТА

Во првите три дена од стартот на системот „Сејф сити“ регистрирани се бројни прекршоци, а дел од опомените завршија и кај возачи кои се движеле со 51 или 52 километри на час, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните коментираат дека во многу европски земји постои толеранција од неколку километри над дозволената брзина, како и дека кај нас недостига соодветна сигнализација на дел од локациите каде што се поставени камери.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Највисоката брзина досега ја регистрирал системот „Безбеден град“ на 1 декември – дури 231 километри на час на скопската обиколница. Овој податок беше објавен во емисијата „Топ Тема“ на Телма од Маја Арсовска-Манов, началник на Секторот за сообраќајни работи во МВР, и Владимир Велковски, државен советник во кабинетот на министерот Панче Тошковски. Истиот ден биле забележани над 65.000 прекршоци за само 12 часа, а вкупно 110.000 за 24 часа. Следниот ден бројката се преполовила на 50.652 прекршоци.

Според податоците од МВР, најголемиот дел од регистрираните прекршувања се однесувале на брзо возење – 48.861. Покрај тоа, 1.366 возачи поминале на црвено светло, а кај 425 биле утврдени нерегистрирани возила. Вториот ден е забележана уште една екстремна брзина од 209 километри на час. Најмногу казни за брзо возење се евидентирани на излезот од Скопје кон Тетово – 4.300, и на булеварот „Никола Карев“, каде се регистрирани околу 3.000 прекршоци.

Министерот Панче Тошковски призна дека системот има слабости и најави можност за продолжување на тест-периодот, откако дел од опомените биле испратени до погрешни возачи. Сепак, тој потенцираше дека исклучоци нема да има – казните важат за сите, вклучително и за странците и службените возила, освен во строго пропишани исклучоци.

„Возило на брза помош нема да биде санкционирано ако брзината е оправдана со условите. Истото важи и за другите сервисни возила, како и за возилата на МВР и АРМ. Но сите останати подлежат на санкции, без разлика на видот на табличките,“ изјави Тошковски. Тој додаде дека досега се казнети најмалку тројца возачи кои управувале службени возила во кои се возеле министри, бидејќи не се придржувале до ограничувањата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.