HomeАктуелноНајдобрите од генерацијата 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“

Најдобрите од генерацијата 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“

Лео Нелоски е првенец на генерација. Пофалени се Теона Талевска, Ивана Секулоска, Ема Чепуњоска и Иво Георгиески.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лео Нелоски е првенец на генерација 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид. Со своето знаење, труд и успеси генерацијата ја одбележаа и Теона Талевска, Ивана Секулоска, Ема Чепуњоска и Иво Георгиески. Тие се пофалени за континуиран одличен успех, афирмација на училиштето во наставните и воннаставните активности и активно организирање и учество во проекти во и надвор од училиштето.

„Неуморно го претставуваа своето училиште во државата и надвор од нејзините граници, најупорните кога се работи за постојано надоградување и обучување и најсилните кога се работи за претставување на гласот на учениците. „ – велат од училиштето за овие ученици.

Од училиштето им честитаат на успехот на истакнатите Прличевци и на нивните одделенски и предметни наставници кои ги поддржуваа препознавајќи го нивниот труд и амбиција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.