HomeАктуелноНајмалку 16 загинати во автобуска несреќа

Најмалку 16 загинати во автобуска несреќа

Најмалку 16 лица загинаа, меѓу кои и неколку деца, а повеќе од 26 се повредени при превртување на автобус на автопат северно од главниот град, изјави потпретседателката на Никарагва, Росарио Муриљо.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Несреќата се случила во близина на Ранчо Гранде, град во департманот Матагалпа, северно од Манагва.

„Девет од 16-те жртви се идентификувани досега“, изјави Муриљо, сопруга на левичарскиот претседател на Никарагва, Даниел Ортега.

Таа додаде дека возачот изгубил контрола над возилото во кое имало околу 70 луѓе, по што се превртело на мостот. Акцијата за спасување на патниците е во тек.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.