И покрај големите напори со засилен интензитет гори пожарот кој вчера попладне избувна во близина на Ајватовци, според последната информација споделена од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пожарот се разгоре на двата крака по што мораше да се вклучи и вториот хелихоптер на МВР.
Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, додаваат од ЦУК.
