HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во скопска општина

НАЈНОВА ВЕСТ: Пукање во скопска општина

Полициските службеници веднаш излегле на терен и преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот. Тие извршиле увид на местото на настанот и собираат сведочења за да го идентификуваат сторителот и да го расветлат овој случај, соопштија од полицијата

Денеска околу 18:10 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот Е.А. (35) од Скопје бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според МВР, повредениот во болница го донел неговиот брат. Тој на полицијата и појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата.

Полициските службеници веднаш излегле на терен и преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот. Тие извршиле увид на местото на настанот и собираат сведочења за да го идентификуваат сторителот и да го расветлат овој случај, соопштија од полицијата.

Повредениот е хоспитализиран и му се укажува потребната медицинска помош.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.