HomeАктуелноНАЈНОВА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од утре постудено и нови врнежи од дожд и снег

НАЈНОВА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од утре постудено и нови врнежи од дожд и снег

Времето утре променливо облачно и студено, попладне и во текот на ноќта во јужните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. По котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб ветер од северен правец.

Следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снег ќе врне понекаде и во градовите во овие делови од Македонија.

Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема.

И во деновите кои се пред нас ќе имаме уште постудено време, исто така ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Повторно можна е појава на повремен снег понекаде и на местата со помала надморска височина (во населените места).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.