HomeАктуелноНа ГП Табановце се чека околу 20 минути

На ГП Табановце се чека околу 20 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.