HomeАктуелноНа „Табановце“ се чека до еден час, на „Богородица“ до 30 минути

На „Табановце“ се чека до еден час, на „Богородица“ до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 до 60 минути, а на ГП Богородица е 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.