HomeАктуелноНа „Ќафасан“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потерница

На „Ќафасан“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потерница

Полициски службеници на граничниот премин „Ќафасан“ синоќа уапсиле државјанин од Република Албанија кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол Германија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Синоќа во 18:20 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(31) од Република Албанија, затоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека се наоѓа на стоп листа со мерка „апси“, по меѓународна потерница од Интерпол Германија, соопшти МВР во денешниот билтен.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.