HomeАктуелноНова сообраќајна несреќа, шест лица повредени

Нова сообраќајна несреќа, шест лица повредени

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 03:40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, соопштија од СВР Струмица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата учествувале три автомобили со струмички регистарски таблички-„ауди“ управувано од К.Р. (25) од Струмица, „опел астра“ управувано од К.Ш. (29) од село Гечерлија, струмичко и „бмв“ управувано од А.С. (26) од село Ангелци, струмичко.

Како што се наведува во соопштението, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С.(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило „ауди“.

Повредите биле констатирани од лекар во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.