HomeАктуелноНОВО ОСВЕЖУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА: Максим Димитриевски и во Охрид собира потписи за формирање на нова политичка партија

НОВО ОСВЕЖУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА: Максим Димитриевски и во Охрид собира потписи за формирање на нова политичка партија

Во Охрид се собираат потписи за партијата на Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Потписите се собираат кај нотарот Васко Паскали.

Имено, неодамна Максим Димитриески јавно обелодени дека на 9 октомври во пресрет на големиот празник 11 Октомври, во хотел Холидеј Ин во Скопје со почеток од 20 часот ќе организира настан за формирање и потпишување на иницијатива за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија.

Тој ги повика сите граѓани истомисленици за како што вели, оние коишто мислат дека може нешто позитивно да се случи во Македонија да се приклучат на неговата иницијатива.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.